Заборавениот Федерико Македа кариерата ја продолжува во Грција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Федерико Македа некогаш важеше за голема надеж на Манчестер Јунајтед, но никогаш не ги оправда очеквањата и не направи голема кариера.

Македа доби многу рано шанса за Јунајтед кај Фергусон и во првите неколку натпревари беше одличен. Тогаш наголемо се зборуваше дека ќе стане еден од најдобрите играчи во светот, но тоа никогаш не се случи.

Италијанецот луташе по цела Европа и смени многу клубови, а денес е соопштено дека некогашниот играч на Црвените Ѓаволи пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос.

Грчкиот клуб на својата официјална страница соопшти дека Македа е ново засилување и дека пристигнува како слободен играч. Соопштено е дека соработката е потпишана на три сезони, откако Македа го напушти италијанскиот второлигаш Новара.