Завршено, ова е новиот голман на Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома го доведе ветеранот Миранте, но тој ќе биде резерва, бидејќи го продадоа Алисон за светски рекорд.

Се споменаа неколку имиња, дури и Донарума, но во клубот не сакаа да преговараат, а и голманот на Милан е прескап.

Исто така, споменуван беше и Ареола од ПСЖ, кој го изгуби местото со доаѓањето на Буфон, сепак Мончи си го заврши своето.

Негова прва опција беше голманот на Лавовите од Копенхаген и прв чувар на голот на Шведска, Робин Олсен.

Данците побараа сума од 16 милиони, преговорите завршија синоќа, Копенхаген попушти, одлучи желбата на голманот. Олсен за 11 милиони плус бонуси ќе се пресели во Рома.

Овој голман е висок два метри а претходно бранеше за ПАОК и Малме. Инаку беше на мета на Данска пред неколку години, но одлучи да брани за Шведска, иако родителите му се Данци. Тој е израснат во Шведска, па одлучи да ги брани боите на оваа репрезентација, а дебитираше во 2015.