Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ ја заврши богатата кариерра на местото каде што ги постигна најголемите успеси, во Венген.
Костелиќ денес ја извозе последната трка, а тоа го потврди и за медиумите.
Денешната комбинација ја заврши на 22-то место, но поважно од самиот резултат беше податокот дека во текот на целата сезона тој се бореше со повреда на коленото.
Костелиќ во кариерата имаше 14 операции, меѓутоа и покрај голем број совети на лекарите и стручниот штаб за нова операција, тој сепак настапи на Светскиот куп.
Хрватскиот скијач во кариерата имаше 26 победи во Светскиот куп и 60 пласмани на победничкиот подиум.
Освои мал кристален глобус во слалом(2002 и 2011) и комбинација(2011, 2012, 2013), а најголемиот успех му е освојувањето на кристалниот глобус во Светскиот куп во 2011 година.
Костелиќ исто така има 4 сребрени медали од ЗОИ, како и три медали од СП(злато, сребро и бронза).
Засекогаш ќе остане запаметен неговиот успех во 2001 година кога во Аспен успеа да ја освои слаломската трка во Светскиот куп со број 64.
Заминува како 7-ми најдобар скијач во слалом на сите времиња.