Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Росонерите“ очекуваат потврдна информација дека Милан ќе добие нов сопственик, но очигледно ќе почекаат малку повеќе за такво нешто, зашто пристигна шокантна вест од САД.
Италијанските медиуми пишуваат дека преговорите за продажбата на акциите на Милан пропаднале и дека Роко Комисо се откажал од купувањето на клубот.
„Тутоспорт“ и „Скај спорт“ пишуваат дека Роко Комисо се откажал од желбата да купи 80% од акциите на Милан поради неверојатен потег на актуелниот сопственик.
Јонхонг Ли, наводно, во последен момент ги сменил условите, според кои била претходно договорена продажбата и поради тоа Комисо се откажал.
Иако изгледаше дека има светло на крај на тунелот за Милан, сепак ќе мораат „росонерите“ да почекаат одреден период пред да тргнат работите на подобро и конечно Милан да се врати таму каде што му е местото – на врвот!