„Загревање“ пред мечот со Шпанија: Англиски навивач сакаше да испие шише со алкохол на екс, па падна на подот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големото дерби меѓу Шпанија и Англија се игра вечерва во Севиља во рамките на Лигата на нациите, а англиските навивачи веќе успеаа да направат неколку инциденти.

Неколку стотици навивачи на Англија вчера допатуваа во Севиља каде ќе ја бодрат својата репрезентација на средбата против Шпанија.

Англиските навивачи веднаш ги окупираа кафулињата во центарот на градот, а не се чекаше многу долго за инцидент, па реагираше и брзата помош.

Имено, еден од навивачите на Англија одлучи да се пофали на своите пријатели така што ќе испие цело шише алкохол на екс по што само се сруши на земја.

Брзата помош брзо пристигна и англискиот навивач е префрлен во болница.

Неговиот пријател подоцна објави дека овој навивач остана без свест но дека му е спасен животот благодарение на брзината на итната помош. Сеуште се наоѓа во болница во Севиља, а неговата состојба е стабилна.

Сигурно вечерва нема да може во живо да го следи натпреварот меѓу Англија и Шпанија.