„Задоволен сум од почетокот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го победи Фернандо Вердаско во првото коло од АО со 3:0 во сетови.

„Добро го започнав турнирот, со голем интензитет. Кога го погледнав ждребот, знаев дека треба да се концентрирам само на првиот натпревар“ – изјави Ноле после денешниот дуел во Мелбурн.

Во второто коло Ноле игра против Истомин, кој во првото коло го совлада Додиг.

„Овде се чувствувам како дома. Сакам да се враќам таму каде што имам многу спомени. Секој пат кога сум овде ми оживуваат сеќавањата“ – додаде Ѓоковиќ