„Зад себеси имав тешка ноќ, но докторот и Бог ми помогнаа да победам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа во рамки на Мастерс турнирот во Синсинати го победи Адријан Манарино и на тој начин се пласираше во осминафинале.

Натпреварот за Ѓоковиќ беше многу потежок отколку што се очекуваше. Го загуби првиот сет со 5-4, а подоцна победи со 6-2 и 6-2, а по дуелот Ѓоковиќ кажа дека имал многу тешка ноќ и дека не се чувствувал добро во првиот и вториот сет.

„Не се чувствував добро по првиот и половина на вториот сет. Зад себеси имав тешка ноќ, но со помош на докторот и Бог успеав да ја поминам оваа пречка. Манарино играше добро во текот на сетот, а јас не бев на своето ниво. Тешко се движев и имав многу грешки. Во вториот дел од мечот бев многу подобар“, кажа Ѓоковиќ

Инаку, Ѓоковиќ во осминафинале ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.