Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заза и Валенсија – падна договор!
Претставниците на Јувентус, Валенсија и агентот на Симоне Заза се наоѓаа вечерва ов Милано каде што е во тек финализацијата на еден од најголемите трансфер саги во оваа зима. Италијанските медиуми, кои инаку, во ЖИВО го следат овој настан, јавуваат дека договор во принцип е постигнат.
Ремитето на макотрпните преговори гласи вака: Валенсија на име оштета за едногодишна позајмица ќе плати на Италијанците одма 2 милиони евра, но Јувентус успеа да се избори и за клаузула со обврска за откуп во два случаеви.
Прв случај: Во тој момент кога Заза по 10 пат ќе го облече дресот на Слепите Лилјаци и со него тргне на терен во некој официјален меч, клубот од Местаља ќе мора на сметката на Јувентус да уплати уште 18 милиони евра, со што ќе стане апсолутен сопственик на договорот на италијанскиот репрезентативец.
Втор случај: Доколку Заза не игра, а Валенсија обезбеди опстанок во лигата – што и покрај сите ужасни игри на овој тим засега не се доведува во прашање – Шпанците повторно ќе мораат истата сума да ја уплатат на сметката на Јувентус и да ја преземат грижата за овој напаѓач.
Поради тоа што се е договорено сега останува само уште Јувентус и Вест Хем на џентлеменски начин да пресметаат кој на кого што должи и се да се стави точка на случајот „Симоне Заза“.
Да потсетиме, Старата дама од Вест Хем зеде 5.8 милиони евра за едногодишна позајмица, но Чеканите промашената инвестиција ја вратија во Торино после шест месеци.
Бидејќи Заза не ги одигра потребните 14 натпревари (8 мечеви – 0 голови) Вест Хем не се обврза да го откупи и плати на Италијанците уште 23 милиони.
Се чини дека Бепе Марота овој пат со клаузула “опстанок“ пронајде начин како да се заштити и дефинитивно да се спаси од напаѓачот кој е апсолутен вишок во Торино.