Заза се враќа во Јувентус, но од Јувентус праќаат друг во Вест Хем!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Вест Хем сака да го врати Симоне Заза назад во Јувентус а да го доведе Марио Манџукиќ во своите редови.

Агентот на Заза потврди дека Симоне ќе се враќа во Јувентус бидејќи во Вест Хем не се баш задоволни од него.

Предлогот на Вест Хем е да се врати Заза назад а напаѓачката линија да ја засили Марио Манџукиќ.

Заза ова лето премина на позајмица во Вест Хем за 5 милиони евра со право на откуп од 20 милиони евра доколку Заза одигра 14 натпревари.

Меѓутоа Заза одигра 11 натпревари и веќе е пратен на трибини.