Замина Тухел, заминува и Обамејанг


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг наскоро ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Томас Тухел замина од Дортмунд, иако имаше уште година дена договор со тој тим и иако имаше сосема солидна сезона позади себе во која успеа да стигне до ДФБ Покал куп и до пласман во групната фаза на Лигата на шампионите низ Бундеслигата.

Изгледа дека ова не е единствено заминување од Борусија.

Имено, како што пренесуваат француските медиумуи, Пјер Емерик Обамејанг купил куќа во Париз, а причината е неговиот премин во ПСЖ!

Овој напаѓач одамна веќе почна да се поврзува со овој клуб, но и со останатите големи тимови во Европа, како Арсенал, Барселона, Реал Мадрид, но изгледа дека конечно се одлучи за францускиот шампионат.

Неговата цена е висока, ретки се клубовите кои можат да го платат, а се верува дека Дортмунд ќе заработи околу 60-70 милиони евра.