Заминување на легендата: Ману Џинобили за заврши кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот аргентински кошаркар реши да стави крај на својата играчка кариера.

Овој 41 годишен кошаркар дури 18 сезони играше во НБА лигата, а со Сан Антонио помина дури 16 сезони. Иако се веруваше дека и наредната година ќе го гледаме на паркетите на НБА лигата, на крајот нема да биде така.

Тој се огласи на Твитер каде потврди дека дојде време да ја заврши својата играчка кариера.

Тој со Спарсите бепе четири пати првак во НБА лигата, а во два наврати играше и на НБА All-star натпреварот.

Исто така освои и олимписко злато со Аргентина.

„Денес со налет на разни емоции и чувства сакам да соопштам дека се простувам од играњето кошаерка. Голема благодарност на мојата фамилија, прјателите, соиграчите, тренерите и навивачите кои беа дел од мојот живот во претходните 23 години кариера. Ова беше фантастично патување над сите мои најлуди сонови“, напиша тој на Твитер.