Заминување на легендата: Хауард се простува на крајот од сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот американски голман Тим Хауард (39) објави дека ќе стави крај на својата кариера по завршувањето на оваа сезона.

Тој се огласи преку неговиот Твитер профил и им откри на своите фанови дека оваа сезона ќе биде последна во неговата професионална кариера.

„Многу се радувам на почетокот на 2019. и на новата сезона во МЛС лигата, ова ќе биде моја последна во кариерата. Сакам сега да уживам во секоја минута“, изјави Хауард.

Инаку, тој моментално е член на Колорадо Рапидс, а на пошироката јавност им е најпознат бидејќи своевремено бранење за Манчестер Јунајтед и Евертон. Во редовите на Црвените Ѓаволи помина три сезони, додека во тимот на Карамелите помина десет сезони. За репрезентацијата на САД запиша дури 121 меч.

Во текот на кериерата го имаше освоено ФА купот, Лига купот, Суперкупот на Англија и два пати Голд купот со репрезентацијата на САД. Два пати беше прогласуван за најдобар играч во САД.