Започна продажбата на единечни билети за натпреварот Вардар- Зенит


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во четврток македонскиот шампион Вардар ја започнува историската, прва сезона во Лигата на Европа против рускиот гигант Зенит.

Од денес започнува продажбата на единечни билети за натпреварот со рускиот претставник, а согласно строгите критериуми на УЕФА, секој купувач на билет ќе мора да приложи документ за идентификација при купувањето. Продажбата оди по принципот, една лична карта, еден билет.

Цените на билетите се движат од 600 до 1200 денари, а истите може да се набават на повеќе локации низ државата.

Билетите ќе се продаваат на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.