Заработи повеќе од 20 милиони долари, а уште не постигна гол


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Езеквел Лавеци во минатата година на големо изненадување на сите, го напушти француски ПСЖ, и потпиша договор со кинескиот тим Хебеј Кина Фортун.

Иако се очекуваше за Лавеци во Кина да доминира, се чини дека Аргентиенцот таму исклучиво дојде да заработи и не направи апсолутно ништо за нивиот тим.

Во овој клуб е веќе 12 месеци. Во тој период на неговата сметка легнаа 26 милиони долари, но Лавеци сеуште е без гол.

Ова е секако разочарувачки податок за еден од најплатените фудбалери на светот.

Прашање е до кога Кинезите ќе имаат трпение со 31-годишниот напаѓач, кој стигна како големо засилување во овој клуб.

Хебеј во минатата сезона заврши на осмото место во кинеската Суперлига.

Сопствениците на овој тим не се задоволни со тој учинок, а ако сакаат подобар пласман, сигурно дека Лавеци ќе мора да биде на врвно ниво.

Инаку, нема да не зачуди и да добие отказ, бидејќи Кинезите не ги простуваат слабите настапи за играч кој дебело го платиле.

Сезоната во Кина почнува за месец дена и сигурно е дека сите очи ќе бидат вперени во Лавеци.