Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Вирџил Ван Дајк го нашол патот од миење садови до најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Ливерпул го купи за дури 85 милиони евра.
Пред десет години ретко кој можел да замисли дека Вирџил ќе стане светски рекордер. Тогаш 16-годишното момче од Бреда, заработувало за живот во локален ресторан.
„Беше добар работник. Секогаш добро миеше садови и си ја вршеше работата чесно. Често зборуваше дека не сака повеќе да стане професионален фудбалер, зашто само во ресторанот може да заработи. Меѓутоа, не можев да верувам кога слушнав дека го купиле за 85 милиони евра“, кажа сопственикот на ресторанот.
Ван Дајк не заборава од каде почнал и тоа го покажува потегот кој го направил минатата година.
„Дојде во ВДС со потпишан дрес од холанѓанската репрезентација. Тоа беше емотивно“, откри еден од тренерите во клубот.
Во Ливерпул дневно заработува околу 30.000 евра, па ќе ги брка најголемите трофеи и во новата сезона.