Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Верувале или не Ромело Лукаку оваа година нема постигнато ниту еден гол на Олд Трафорд, на кој неговиот Манчестер Јунајтед има одиграно поприличен број на натпревари.
Белгискиот напаѓач има настапено на вкупно 18 натпревари и има постигнато пет голови, што е далеку полошо од она што сите го очекуваа од него.
Тој е во голгетерска криза, но некои британски кладилници отидоа толку далеку што во своите понуди вметнаа неколку специјални игри каде буквално го понижија овој играч.
Така Бетафир во очи на денешниот натпревар помеѓу Јунајтед и Арсенал на Олд Трафорд им понуди опција на нивните играчи да се кладат на повеќе опции: Дека Ромело Лукаку ќе падне преку топката (3.50), ќе биде заменет во првото полувреме (6), ќе има шут кој ќе заврши во аут (8), ќе си даде автогол (51)…
Исто така можете да се кладите дека Лукаку нема да биде стартер (3.00) и дека нема да има ниту еден шут во оквирот на голот.