Засега три можни наследници на Венгер на клупата на Арсенал

Во јавноста веднаш почна да се лицитира со имиња како потенцијални наследници на Арсен Венгер на клупата на Арсенал.

Прво име кое се споменува е Патрик Виера, кој во моментов е тренер на Њујорк Сити е доста сериозен кандидат за клупата на „топчиите“, а неговото именување сигурно би му се допаднало на многу од навивачите на Арсенал.

Сепак обложувалниците најголеми шанси му даваат на Томас Тухел кој во моментов е без ангажман и кој претходно се споменуваше со ангажман во Баерн Минхен.  Германецот е доста ценет по неговата одлична работа со Дортмунд, а за него постои интерес и од тимот на ПСЖ.

Третото име кое се споменува со клупата на „топчиите“ е поранешниот тренер на Ливепрул и актуелен предводник на Селтик, Брендан Ронџерс.