За Иско нема повеќе „бел ден“ во Реал: Шпанските медиуми го открија и името на новиот клуб…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дваесетгодишниот фудбалер, Иско не е во најдобри односи со тренрот, Сантијаго Солари, за што сведочи и неговата минутажа, па затоа и не е изненадувачки што е одлучен во намерата да ја промени средината.

Иско сака да пронајде дестинација каде повторно ќе биде важна алка како што беше во Реал Мадрид изминативе години, а иако се поврзуваше со Челси, како и Манчестер Сити, како што се наведува фантастичниот играч за врска во овој момент е најбиску до трансфер во Јувентус.

Шпанските медиуми пишуваат дека и Флорентино Перез интензивно работи на заминување на Иско, и дека веќе го понудил во Јувентус, но прашање е дали Бајконерите се подготвени за него да инкасираат 75 милиони евра колкушто бара Реал Мадрид. Во таа приказна би можел да биде вклучен и Дибала кој е долгогодишна желба на Реал.

Новинар на угледна Марка, Рубен Хименез, пред неколку дена објави дека за Иско е најдобро да го напушти Реал Мадрид бидејќи веќе никој не сака да го гледа во дресот на овој клуб.

„Соиграчите повеќе не се зад тебе, од капитенот немаш поддршка и клубот те остави сам. Оди и играј на друго место Иско. Играј каде сака, бидејќи гледаш дека во Реал повеќе никој не те поддржува“, порача Хименез.

Дека на Иско повеќе не му оди, може да се види и по тоа што последен пат од првата минута за Реал Мадрид играше во октомври, во Ел Класико против Барселона.

За потсетување, Иско во 2013. година стигна во Реал Мадрид од Малага за 30 милиони евра, а до денес освои 14 трофеи со мадридскиот клуб, од кои четири во Лигата на шампионите.