За историја, Де Геа ги урами копачките после мечот на кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанецот блескаше на дербито со Спарсите, па и не чуди ваков потег за кој признава дека доби идеја од коментаторот.

Давид Де Геа дефинитивно е најзаслужниот за триумф на Манчестер Јунајтед над Тотенхем во 22то коло од Премиер лигата.

„Црвените Ќаволи“ славеа со 1:0, единствениот гол на натпреварот го постигна Маркус Рашфорд, а Шпанецот средбата ја заврши со 11 одбрани.

Коментаторот од мечот на „Вембли“ му ја даде идејата да ги врами копачките од натпреварот.
Тој тоа и го направи, се заблагодари на Тајлер за идејата па така неговото одлично чување на голот вечно ќе остане запамтено.

Интересно е дека ова не е неговиот рекорд по број на одбрани, своевремено во рамките на Премиер лигата тој има забележано 14 одбрани на еден натпревар, што е рекорд во лигата кој тој го држи заедно до Тим Крул и Вит Маноне.

Со голот на Рашфорд и сјајните одбрани ан Де Геа, Црвените Ѓаволи успеаа да го остварат шестиот триумф по ред во сите натпреварувања, а петти во Премиер лигата, а подоцна против Брајтон продолжија со победите, откако на клупата седна тренерот Оле Гунар Солскер.