За кого навиваа најголемите светски диктатори?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големите светски диктатори имаа свои фаворити во спортот. Како во спортот, така и во фудбалот.

Секој од диктаторите мораше еднаш да засака некој клуб. За некои лидери се знаеше за кого навиваат, а други не сакаа јавно да кажуваат за кого навиваат.

Одговорни за смртта на многу луше, јасно е дека сепак фудбалот не им бил „најважна споредна работа во светот“…

Во продолжение следи листата.

Адолф Хитлер

Додека Хитлер беше на власт, Шалке беше 6 пати шампион на Германија, во период од 1934 до 1942 година. Хитлер наводно ги следел нивните натпревари, а му помагал и на клубот колку што можел.

Муамер Гадафи

Гадафи наводно бил навивач на Ливерпул и тврдат дека била најдена чаша со логото на Ливерпул во неговата канцеларија откако го тргнаа од власт. Нема вистински докази дека бил навивач на Ливерпул, но негови пријатели го потврдија тоа.

Бенито Мусолини

Болоња процвета кога Мусолини беше на власт. Клубот освои 4 титули. Откако банкротираше локалната фашистичка администрација, за овој клуб започнаа црните денови.

Николае Чаyшеску

Тој беше вистински диктатор и за Стеауа од Букурешт, па клубот забрани трансфери на игрчаи и тоа му помогна на гигантот да освои 6 титули и купот на европските купови. Овој клуб има голема традиција и голем број трофеи, но кој знае што би било ако немале таква поддршка.

Ким Јонг-Ун

Тој во свое време изјави дека во државата ќе направи играч поталентиран одМеси и тој е вистински пример дека диктаторите го следат фудбалот. Ким ја обожава ПЛ и Манчестер Јунајтед, а тоа го откри пред 2 години. Негов омилен фудбалер е Вејн Руни.

Фидел Кастро

И додека Ким е навивач на Јунајтед, неодамна починатиот Фидел Кастро наводно во 1970 година бил фан на Арсенал. Се појави во јавноста со дрес на Арсенал.

Јозеф Сталин

Сталин беше голем љубител на фудбалот и негов омилен клуб беше ЦСКА Москва. По поразот од Југославија на ОИ во 1952 година, Сталин сите играчи ги испрати во лого. И на тој начин го покажа незадоволството поради одредени резултати.