Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо, пред три години доживеа тешка повреда на натпреварот против ПСВ.
Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ настрада по дуелот со Хектор Морено, а имаше и двојна скршеница и за враќање на фудбалот му беше потребна цела година.
Шо за англиските медиуми откри дека по повредата не знаел дали ќе ја продолжи кариерата. Дури можел да ја загуби ногата, зашто поради скршеницата му се заканувала и ампутација.
„Бев блиску да ја загубам ногата. Тоа не го знаев во почетокот, туку дознав од докторот шест месеци по повредата. Кога се случи повредата, сакаа да ме транспортираат во Англија. Ако го направеа тоа, дефинитивно ќе останев без нога. Имам два белези на ногата, каде што морале да ме сечат“, кажа играчот на Јунајтед.