„За Мурињо не бев доволно добар“

Мемфис Депај во јануари премина од Манчестер Јунајтед во Лион.

Депај на Олд Трафорд во 2015 пристигна како големо засилување, но Мурињо го гледаше како промашување на управата и го продаде.

Беше продаден во Лион за 16 милиони фунти.

„На секој тренинг го вадев максимумот од себе. Но Мурињо немаше доверба во мене. Немам ништо против него и ја ценам одлуката која ја донесе. За Мурињо не бев доволно добар, но во Лион на неколку натпревари веќе покажав колку вредам навистина“ – изјави Депај.

На 9 натпревари за Лион во лигата постигна 5 погодоци. А посебно спектакуларен погодок беше тој против Тулуз кој го постигна со феноменален шут од центарот на теренот.