Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клаузула која веројатно никогаш не постоела, но Реал се обезбеди.
Фудбалското чудо од дете, Мартин Одегард не успеа да се наметне во првиот тим, играше за Кастиља, резервниот тим.
Под притисок Зидан го однесе на припреми во Канада минатото лето, но не му даде шанса, а наместо тоа други фудбалери како Асенсио се најдоа во прв план.
Одегард имаше понуда од Англија, споменуван беше Саутемптон, Реал сакаше да остане негде во Шпанија за да стекне искуство, но на крајот младиот фудбалер замина во Херенвен.
Овој клуб е познат како расадник на таленти, по традиција во тимот има многу Скандинавци, па на крајот тоа и пресуди.
Секој пат кога Одегард не игра, Херенвен мора да му плати на Реал 40 илјади евра.