Збогување со Баварија и Минхен, следува смена на генерациите: Легендата на тимот од „Алијанц Арена“ се сели во Турција?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што стојат работите, Френк Рибери ги игра последните дуели во дресот на минхенски Баерн.

Пристигна уште од 2007. година во Баварија, од Марсеј и тогаш беше платен 25 милиони евра, што беше рекорд на клубот.

Остави голема трага во Минхен, запиша 409 официјални настапи, постигна 122 погодоци, ја освои Бундеслигата осумкратно и.тн…

Договорот со Баварците му истекува на крајот од сезоната, а со оглед на тоа дека на „Алијанц Арена“ се решени да направат смена на генерациите, Рибери нема да ја продолжи соработката со Баерн.

Па така, тој кариерата би можел да ја продолжи во Турција и тоа во дресот на Галатасарај, со кој во 2005. година по само шест месеци соработка се раздели во лоша атмосфера.