Зидан беше краток и јасен: Не сум најдобар на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зидан од ФИФА ја доби наградата за најдобар тренер на 2016 година.

Легендата на францускиот фудбал и на Реал Мадрид бележи добри резултати со Реал Мадрид и освои се што можеше да се освои.

Меѓутоа самиот Зидан и покрај добивањето на таквата награда тврди дека не е најдобриот тренер на светот.

„Ја прифатив наградата како признание за тоа што го направивме минатата сезона. Направивме многу минатата сезона но сепак кога би ме прашале што јас мислам за тоа дали сум најдобар на светот би одговорил со не“ – вели Зидан.

„Ако и во иднина продолжам да освојувам трофеи може да правиме муабет за тоа, но сега засега има многу подобри од мене“ – вели Зинедин Зидан.