Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не сметаше на Хамес Родригез, кој едвај чекаше да си замине и тоа на крајот се случи, па се пресели во дресот на Баерн Минхен на двегодишна позајмица за 13 милиони евра со можност за откуп.
Во првата сезона Колумбиецот постигна седум гола и 11 асистенции во 23 натпревари во Бундеслигата.
Сега новиот тренер на Реал, Хулен Лопетеги, сака да го врати Родригез, но Баерн нема намера да се откаже од него.
Германски „Кикер“ пишува дека Родригез ги договорил условите со Баерн, кои ќе платат дополнителни 42 милиони евра.
Од друга страна, во Мадрид се надеваат дека 27-годишниот играч ќе ја смени одлуката и ќе почека до лето за да го убеди Лопетеги да се врати во Мадрид.