Зидан го најде првото засилување: Перез тргнува во акција по нова ѕвезда!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан разговарал со управата на Реал Мадрид, па претседателот Флорентино Перез најверојатно ќе му ја исполни големата желба која ја има Французинот.

Светските медиуми пишуваат дека Зидан му порачал на Перез дека го посакува фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Ѕвездата на Лацио минатата сезона беше на мета на многу гиганти, но остана во Рим. Оваа сезона, Сергеј постигна само четири погодоци и две асистенции, па доби повик само од МИлано, каде што го посакува Милан.

Сепак, доколку пристигне повик од Реал Мадрид, тогаш тој дефинитивно нема толку лесно да се одбие, па Римјаните ќе размислат да го продадат Србинот во редовите на „кралскиот клуб“.

Со „кралевите“ се поврзуваат уште неколку ѕвезди меѓу кои се Еден Азар, Нејмар, Килијан Мбапе…