Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан сфаќа дека еден ден ќе мора да го напушти Реал Мадрид и како што изјавува подготвен е на такво сценарио.
Тренерот кој ја доби наградата за најдобар стратег во 2017. година од страна на ФИФА, на клупата на Кралскиот клуб седна 2016. година, како замена за Рафаел Бенитез.
„Фудбалот секогаш носи подеми и падови, па морате да сфатите како да се опоравите“, изјавил Зидан за ФИФА, пренесува Марка.
„Ако сте на врвот, тогаш мора да се погрижите да останете таму, но свесен сум дека моето време во Мадрид еден ден ќе заврши и спремен сум за тоа. Знам дека сум во клуб кој мора да освојува трофеи, Лига на Шампиони, Ла лига за која мислам дека е тешко да се освои. Мојата способност да водам еден тим се заснова на мојата страст кон фудбалот и мојата професија. Она што е најважно е дека играчите веруваат во мојата порака и тоа што го практикувам на теренот. Ако играчите имаат верба во вас тогаш можете да направите големи работи“, истакнал Зидан.