Зидан има претчувство дека за пола година ќе биде поранешен тренер?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан сака што повеќе да ужива во Реал Мадрид, свесен е дека набрзо може да биде сменет.

Зидан нема причини моментално да се грижи. Минатата сезона беше беше добра за Кралевите, новата истотака добро ја отворија, но сеедно Зидан е свесен дека е таков клубот – мала криза и тренерот го плаќа цехот.

„Уживам да работам со овие играчи секој ден и на секој момент. Сеуште учам. Научив многу како играч, сега се развивам како менаџер“, рече Зидан.

„Никогаш не прекинувате да учите, а можеби за шест месеци ќе бидам и поранешен и можеби овој мој пат ќе заврши. Затоа тоа е причината зошто уживам во секој ден и затоа сум среќен поради своите играчи, поради начинот на кој работиме“.

Французинот уште додаде дека „сме голема екипа“ и напорната работа е единствен начин за нешто да се направи. Желбата за успех е преголема“.