Зидан со први изјави по враќањето во „Кралскиот клуб“: Призна дека имал понуди од други клубови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан денес со почеток од 20:00 часот и официјално беше претставен како „старо-нов“ предводник на тимот на Реал Мадрид.

Французинот одговараше на најразлични прашања меѓу кои и на такви дали имал понуди од други клубови како што се шпекулираше.

„Кога си заминав знаев дека е вистинско време за заминување, мислев дека и на играчите му беше потребна промена. Не беше затоа што сакав да си одам само си помислив дека по две и пол години во кои освоивме се нешто мора да се смени за да продолжи победничкиот моментум.

Имаше неколку непредвидени работи кои се случија оваа сезона. Знам што се работи во клубот и токму затоа мислам дека враќањето беше вистинска одлука. Имав и други понуди, но знаев дека нема да преземам некој друг клуб.

Мора да прифатиме што се случува во моментов, а  јас продолжувам да ја носам љубовта во моето срце која никој не може да ми ја одземе. Возбуден сум и ќе дадам се за да го подигнам нивото на клубот“ –истакна Зинедин Зидан.