Зидан ќе го преземе Манчестер јунајтед!?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја разгледува можноста да го постави Зинедин Зидан за тренер, но претходно ќе му даде уште една шанса на Жозе Мурињо.

„Сан“ пишува дека Мурињо би можел да добие отказ доколку ја почне лошо сезоната, а исто така во моментов се соочува со голем број критики на негова сметка поради лошите резултати во пријателските средби.

Инаку, Зидан помина две ипол години во Реал Мадрид и освои девет трофеи со „кралевите“, од кои најважни се трите титули по ред во Лигата на шампиони.