Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Манчестер Јунајтед Фил Џонс рече дека Златан Ибрахимовиќ ги замолчи критичарите во Премиер лигата.
Швеѓанецот во оваа сезона постигна 26 голови на 38 натпревари, а во финалето на Купот во неделата постигна два гола во победата од 3:2 над Саутемптон.
“Тој е фантастичен. Многумина се сомневаат кога дојде, но сите ги замолчи сега. Има одличен карактер во соблекувалната и фантастичен професионалец е. Ги заслужува сите пофалби. За своја висина, одлично се движи без топка. Во воздух е тешко против него. Тој е кошмар за дефанзивците“, рече Џонс.
Во Премиер лигата Јунајтед моментално е шести на табелата со 48 бододи, пет помалку од второпласираниот Тотенхем.