„Златна Топка“ – дали оваа награда секогаш одела во вистински раце?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Годинава, заслужено оваа награда отиде во рацете на Кристиано Роналдо, но дали и во изминатите години тоа било заслужено?

Секогаш доделувањето на златана топка носи многу несогласувања и дискусии, не се почитуваат непишаните правила па затоа и на никого не му е познат принципот по кој се доделува оваа награда.

Од 2008, кога Роналдо постана најдобар во светот оваа награда до ден денеска оди во рацете на двајца фудбалери, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси има пет, а Роналдо четири. По мислењето на многу фудбалски фанатици и двајцата треба да имаат по една помалку но ќе одиме со ред. Година по година анализирајќи ги освојувачите на оваа награда.

2009- Лионел Меси (Примера, ЛШ, Куп на кралевите, Суперкуп на Шпанија и Европа, СП за клубови)

-Година во која Меси беше неверојатно, играч од друга планета на чело со Пеп Гвардиола освоија се што можеа, па логично дека нему му припаѓа таа награда.

2010 – Лионел Меси (Примера, Суперкуп на Шпанија) Весли Снајдер – (Сера А, Копа Италија, ЛШ, СП за клубови)

-Полемика донесе оваа година, Снајдер заслужи да биде во конкуренцијата место Чави и Иниеста, можеби и Снајдер ја заслужи наградата но се случи што се случи и Снајдер ден денеска нема златна топка, а тоа беше неговата година во кариерата.

2011 – Лионел Меси (Примера, ЛШ, Суперкуп на Шпанија и Европа, СП за клубови)

-Може да кажеме заслужено иако многумина мислеа дека Иниеста треба конечно да ја освои тоа не се случи.

2012 – Лионел меси со рекорден број голови во годината. Иниеста и Чави – шампиони на Европа, Роналдо шампион на Шпанија.

-Рекордот на Герд Милер соборен од страна на Меси кој веројатно затоа ја освои по 4ти пат оваа награда. Шпанија во 2012 освои ЕП, па многу мислеа дека Чави или Иниеста треба да ја добијат оваа награда но од тоа пак ништо.

2013 – Роналдо по рекорден број голови во Примера. Рибери (Бундеслига, ЛШ, Куп на германија, Суперкуп на Европа и СП за клубови)

-Ја освои Роналдо и дали пак имаше оштетување? Таа година Роналдо не освои ниту еден трофеј само постигна рекорден број голови во Примера, а Рибери се „уби„ од дигање на трофеи.

2014 – Роналдо (ЛШ,Шпански куп) Ноер (СП, Двојна круна во Германија)

-Покрај едната светска и двете германски титули, Роналдо со една европска и една шпанска го доби Ноер во трката.

2015 – Меси (ЛШ, Примера, Шпански куп, Суперкуп Европа и Шпанија, СП за клубови)

-Можеме да кажеме повторно заслужено. Пет од можни шест освоени трофеи и златна топка за Лионел Меси иако многу сметаа дека Суарез е заслужен затоа.

За крај после овие анализи да разгледаме дали „France Football„ и ФИФА имаат некои грешки изминатите години во доделување на оваа награда?