Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како се приближува крајот на 2018 година така доаѓа времето да дознаеме кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на светот за изминатите 365 дена.
Во фудбалот постојат многу индивидуални награди но Златната топка дефинитивно најмногу се цени и љубителите на фудбалот се заинтересирани кој ќе биде прогласен за најдобар во Париз на 3ти декември.
Како што е веќе познато најголем фаворит е Лука Модриќ и се укажува на тоа дека хрватот ќе добие уште едно признание откако беше прогласен за најдобар играч на светот по избор од ФИФА.
Во прилог на ова оди и информацијата дека Кристијано Роналдо кој е втор најголем фаворит воопшто нема да се појави на церемонијата во Париз.
Шпанската радио станица ,,Онда Черо” се повикува на свои извори и тврди дека веќе е познат редоследот на првите тројца во борбата за Златна топка. Ако им веруваме, најголемо признание ќе освои Лука Модриќ, а на второ место се наоѓа Кристијано Роналдо, додека пак на трето место е Антонио Гризман.