„Знаев дека ќе биде тешко“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити Пеп Гвардиола рече дека знаеше дека ќе биде тешко денеска против Мидлзборо, но истакна дека верува дека борба за првите четири места ќе се води до крајот на сезоната.

„Бевме подобри во второто полувреме и создадовме доволно шанси да го добиеме натпреварот, но не беше лесно против тим како што е Мидлзборо, кој се бори за опстанок“, рече Гвардиола, а пренесе сајтот на клубот.

Мидлзборо денеска два пати водеше, но Сити два пати израмни. „Граѓаните останаа на четвртото месот ист број на бодови како и Ливерпул и еден повеќе од Манчестер Јунајтед ,кој денеска исто така ремизираше. До крајот на натпреварувањето останаа четири кола.

„Мислам дека борба за првите четири места ќе се води до последниот натпревар. Сите кои се борат за тие места имаат тежок распоред, па така нема да биде лесно, но ќе  пружиме апсолутно се од себе во овие последни неколку натпревари да пробаме да стигнеме таму“, рече Гвардиола.