Знаете дека еден играч создаде повеќе шанси од Меси, Озил и Ди Марија?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Податок кој сигурно никој не би рекол дека е можен.

Фудбалерот на Евертон Рос Баркли во оваа сезона создаде најмногу шанси на своите соиграчи.

Англичанецот во дресот на Евертон во оваа сезона креираше дури 67 шанси, пет повеќе од Лионел Меси и шест од Месут Озил, кој важи за „крал на асистенциите“ веќе со години во Европа.

На четврто и петто место се Анхел Ди Марија и Коке со 57 и 58 креирани шанси за своите соиграчи.

Баркли покрај ова, успеа да запише четири погодоци и девет асистенции во оваа сезона.