Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кнежевците“ не прекинуваат да воодушевуваат, а приказната за тоа како го доведоа еден од своите најдобри играчи е речиси неверојатна.
Избраниците на Леонардо Жардим играат веројатно и најдобар фудбал во Европа во оваа сезона.
И птиците на гранка се веќе сега запознаени со триумфот над Манчестер Сити во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, и така Кнежевците ќе ги гледаме меѓу најдобрите осум.
Немилосрдно ја тресат мрежата на своите противници кои ќе им се најдат на патот, а посебно импресивно е што меѓу стрелците се запишуваат голем број на фудбалери.
Еден од тие на кого не е работа да постигнува голови, а тоа сепак го прави често, е и Бразилецот Фабињо.
Тој ја покрива позицијата десен бек и централен играч за врска, а бидејќи Сидибе стана незаменлив покрај десната аут линија, Фабињо заигра во средината.
Од тогаш многу често постигнува голови, а токму Синоќа на Граѓаните даде еден, втор на мечот, после одличниот пас на Бенџамин Менди.
Голем број европски клубови внимателно го следат, многумина и тргнаа по неговиот потпис во ова лето, а меѓу фаворитите се Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Нема сомнеж дека заинтересираните страни ќе мораат добро да се отворат, бидејќи Монако е во ситуација а апсолутно на никого да не мора да го продаде, и несомнено се тврд пазар.
Тоа што е интересно е дека Кнежевците од Бразилецот имаат речис и100 % профит. Како?
Фабињо кариерата ја почна во татковината, во редовите на Паулинија, потоа и Флуминенсе, додека своите први фудбалски чекори ги направи во Европа во Португалија во редовите на Рио Аве.
Таму го забележа Жорже Мендеш, познатиот фудбалски „супер агент“, со кого потпиша и набрзо се пресели во редовите на мадридски Реал.
Сепак, во кралскиот клуб одигра само еден официјален меч за сениорите, за во 2013 година се прсели во Монако.
Официјално екипата од Луј втори плати пет милиони евра за неговите услуги, но вистина е дека за него издвоија само 10 центи!
Имено, во целата приказна околу неговиот трансфер беше вклучена и трета страна (ТРО, кој е забранет од 2015 година).
Преминот на Фабињо е објавен од страна на инвестицискиот фонд „ Browsefish Limited“ кој беше стациониран во Кипар, а се наоѓа во сопственишто на првиот човек на Кнежевците Дмитри Риболовлев и споменатиот Жорже Мендеш, иако името на португалскиот агент не се појави во официјалниот список.
Значи, Монако несомнено еден ден добро ќе заработи на продажбата од Фабињо, благодарние на „матните“ потези на нивниот сопственик, кои сепак некако „поминаа“.