Знаете ли кое е детето на кое Тоти му ја даде капитенската лента?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот капитен на Рома, Тоти  вчера имаше неверојатно простување од навивачите на „Олимпико“, откако го одигра последниот натпревар за Рома.

Тоти одлучи дека нема да го продолжи договорот со клубот на крајот на оваа сезона. Стадионот вчера беше исполнет до последното место, затоа што сите сакаа да го видат Тоти на теренот за последен пат.

Тој имаше неверојатна кариера, а неговото простување беше уште поневеројатно. Никој не можеше да ги сокрие солзите и мора да се признае дека заврши кралски, баш така како што му доликува.

Со својот потег на крајот најверојатно му го направи поубав животот на Матиј Алмавива на кој му ја даде капитенската лента. Алмавива е капитен на најмладата селекција на Рома. Тој е роден во 2006-та година и сигурно дека тој момент ќе го памети до крајот на животот.