Знаете ли кој има убедливо најмногу додавања во ПЛ во оваа сезона?!

Интересен податок.

Оваа  сезона во Премиер лигата судејќи по се ќе биде интересна како никогаш досега. Челси на Конте е најстабилен, Ливерпул на Клоп е најефикасен, Сити го има Пеп, Јунајтед Ибрахимовиќ и Мурињо на клупата, додека Арсенал секогаш е тука при врвот.

Бројните статистички податоци се издвојуваат и во оваа сезона, Ливерпул под водство на Клоп по многумина ќе биде најдобар, повеќе за тоа ТУКА, а покрај тоа еден фудбалер на Црвените е далеку најдобар во пас играта.

Податок за верувале или не е дека Џордан Хендерсон е играч со убедливо најмногу додавања, има дури 1.366 успешни додавања, додека одма позади него е Пол Погба со  350 пасови помалку – 1015.

На третото и четвртото место е тандемот на Челси, Аспиликуета и Канте, кои имаат  речиси едидентичен број на додавања, 969 и 962.