Знаете ли на кого Мурињо ја посвети победата над Спарси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо ја посвети вчерашната победа против Тотенхем на својот фудбалер кој е на удар на медиумите поради слабите партии во последно време.

„Оваа победа ви ја посветувам на Фелаини, бидејќи тој тоа го заслужува. Во минатиот натпревар беше вмешан во загубата на два бода, а на овој начин сакам да разјаснам дека тој е важен играч. Навивачите можат да работат што сакаат,  а беа феноменални со нас. Јас само сакам да се заблагодарам на се што нас ни даваат, поготово во период кога ние не им даваме толку, па така јас сум навистина среќен со нив“, рече Мурињо за Скај спортс после мечот.

Јунајтед вчера го победи Тотенхем со 1:0 со голот на Хенрик Михтаријан, а тоа за Манчестер Јунајтед беше прва победа после три реми во Премиерлигата.

„Овие три бода се магични, поготово бидејќи се заработени против многу добар тим, што нас уште повеќе ни значи. Затоа не го менував составот од Евертон, бидејќи така добро игра.

Сега одиме на гости кај Критал Палас и Вест Бромвич, што се повторно тешки противници. Животот не е лесен. Среќни сме поради еволуцијата на тимот и задоволни сме од тоа што го работиме. Играме многу добро против много добар тим, што значи дека е тешко да се игра добро“, рече Мурињо.

Тренерот на Манчестер Јунајтед го пофали и Михтаријан.

„Ја помина границата и стана подобар играч отколку што беше.

Беше многу талентиран играч, но сега ја помина границата која други играчи мораат да ја поминат. Барам повеќе од моите офанзивни играчи. Клучните моменти во фудбалот се губењето на поседот и враќање на поседот, а Михтаријан е супер во тоа. Другите играчи мораат да се подобрат“, рече Мурињо.