Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн новата година ја отвори со гол на гостувањето против Кардиф, каде што неговиот тим ги совлада домаќините со 3-0.
Англискиот фудбалер се запиша во листата на стрелците веќе во третата минута, навистина со многу среќа, но тој гол за него има голема важност.
Имено, Кејн на овој начин успеа да ја затресе мрежата на секој клуб во Премиер лигата против кој играл.
До сега играјќи за Тотенхем се сретнал со 28 различни клубови во Премиер лигата и веќе нема ниту еден кој може да се пофали дека се одбранил од неверојатниот голгетер.
Тој против Кардиф го постигна 14. гол во досегашната сезона, со што се изедначи со Обамејанг на листата на стрелците.