„Зошто го внесов Фелаини? Вие не знаете многу за фудбалот“


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед имаше 1:0 на полувреме, статива, а тогаш Жозе Мурињо во 85 минута го внесе Фелаини кој направи пенал во 88 минута и Евертон стигна до 1:1.

Јунајтед во оваа сезона загуби седум бода примајќи голови во последните 10 минути, повеќе од било кој друг клуб.

„Зошто го внесов Фелаини? Мислев дека знаете малку повеќе за фудбалот бидејќи одговорот е прилично очигледен. Евертон повеќе не игра убав фудбал. Играат многу директно, таков им е стилот. Кога губите тогаш уште и повеќе ја засилуваат директноста. Кога имате играч кој има два метри, тогаш го внесувате во тие моменти“, појасни Мурињо кој очигледно и научи од сите силни казни кои ги доби па не сакаше да ја искоментира спорната ситуација:

„Пенал? Не видов. Прекршок на Рохо? Не видов“.

Јунајтед повторно одигра нерешено…

„Уште една наш многу добар натпревар. Доминираме и дома и во гости. Кога играте лошо и имате лоши резултати, тогаш можете да се трудите да добиете подобри резултати. Но, кога играте добро и имате лоши резултати, тогаш не можете да направите ништо. Ние играме многу добро. Нашите противници го напуштаат стадионот бидејќи се среќни со 1:1. Ние ќе продолжиме со нашата работа и се надевам дека во четврток повторно ќе играме добро. Резултатот е многу важен, но сите морате да знаете дека во случај ако Ерера постигнеше гол, а не да погодеше статива, ќе беше 2:0 за нас и натпреварот ќе беше готов“, рече Мурињо.

Напомена дека, после што имаше „суша“ во шест првенствени натпревари по ред, Ибрахимовиќ сега постигна четири гола во последни три натпревари.

На друга страна Роналд Куман беше значително задоволен.

„Ние знаеме да се избориме за враќање, а тоа денеска и го покажавме. Многу бевме разочарани што примивме гол за 0:1 и тоа при крајот на првото полувреме. Не заслуживме да го загубиме натпреварот. Покажавме вистински борбен дух и во моментите кога тие имаа шанса за 2:0. Нашите замени направија голема разлика и бевме подобра екипа во второто полувреме. Де Геа имаше неколку фантастични одбрани“, рече Куман па се наврати на прашањето за прекршокот на Ројо:

„Тешко е да зборуваме за тоа. Ако судијата можете да ја прегледа снимката ќе беше тоа најверојатно црвен картон. Секогаш се такви прашањата за судењето, но на крајот мислам дека 1:1 е фер резултат бидејќи ниту една екипа не заслужи да загуби“.

Евертон има само една победа од последните девет дуели.

„Игравме денеска многу подобро отколку во минатата недела и нашите противници многу потешко создаваат шанси. Во моменти нас ни недостасува самодоверба, но ваквиот борбен дух и тоа ќе го врати. Во второто полувреме се одлучивме да бидеме подиректни и тоа ни се исплати“.