„Зошто да одиме на СП кога е подобро да оди Англија?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Словачка квалификациите за СП ги отвори со домашен пораз од Англија во Трнава.

Англија славеше со 1:0 со погодокот на Адам Лалана во петтата минута од судиското продолжение, а Словачка мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Мартин Шкртел.

Поразот посебно го здрма словачкиот репрезентативец Јан Дурица, кој даде контроверзна изјава.

„Само победникот на групата оди на СП. Зошто тоа да бидеме ние, кога и  Англија е во групата?  Нормално дека сите сакаат „подобрите “ екипи да одат на Мундијалот, а судијата знаеше како тоа да го изведе“, рече Дурица.

Од словачкиот табор после натпреварот оштро го нападнаа судијата по натпреварот сметајќи дека драстично се оштетени, а како што гледаме, најдалеку отиде нивниот 34-годишен играч.