Зошто Ноу Камп не доби име по својата легенда?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешен претседател на Барселона откри интересен детал од блиската историја на каталонскиот клуб.

После што Јохан Кројф почина во минатата година, клубот сакаше да го промени името на стадионот, но тоа сепак го направи Ајакс, откри Хуан Лапорта.

„Кројф најважна личност во историјата на Барселона. Неговиот фудбал е она по што е Барселона позната и поради што  е сакана. Сите се восхитуваат на Барселона бидејќи игра најдобар фудбал на светот, а тоа е заслуга на Кројф“, рече Лапорта.

Лапорта смета дека во чест на Јохан требаше и името да се промени.

„Клубот требаше да го промени името Ноу Камп во негова чест. Но, тоа се оддолжи па Ајакс во меѓувреме тоа го направи. Јохан беше инспирација за сите, а неговите ученици продолжија по истите стапки. Мислам дека и наредниот тренер на Барселона мора да биде некој кој ја познава таа филозофија, јас го послушав Јохан и ги поставив Рајкард па Гвардиола“, нагласи Лапорта.

Да потсетиме, Лапорта е најуспешен претседател во историјата на Барселона, поради тоа што во неговиот мандат од 2003 до 2010 година клубот освои две ЛШ, четири титули во Примера, Куп на кралот, СП за клубови, Суперкуп на Европа и Шпанија.