Ибрахимовиќ е како лав, Манчестер стигна до победа против Сандерленд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот во ПЛ помеѓу Сандерленд и Манчестер Јунајтед.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Јунајтед преку Лингард кој испрати удар, но Пикфорд одбрани одлично.

Потоа, Златан Ибрахимовиќ имаше шанса од слободен удар, но не се случи ништо посериозно.

Во 28-та минута Катермол имаше брилијантна шанса, но Ромеро беше сигурен на голот.

До првиот гол во натпреварот се чекаше до 30-та минута кога Ибрахимовиќ погоди за 1:0.

Малку недостигаше да го постигне и својот втор гол во 35-та минута Ибра.

До крајот на првото полувреме имаше само една добра шанса од страна на Сандерленд и црвен картон за Ларсон поради стартот врз Ерера.

На почетокот на вториот дел во 47-та минута Михтаријан одлично се ослободи од дефанзивецот и погоди за 2:0.

Во 60-та минута Дефо имаше шанса од слободен удар, но Ромеро беше сигурен во својата одбрана.

Во 69-та минута Манчестер Јунајтед имаше контра напад преку Ибра и Рашфорд, но за жал не успеаа да ја завршат акцијата со гол.

Погба во 84-та минута изведе слободен удар кој заврши покрај голот на Пикфорд.

Во 89-та минута Јунајтед имаше добра акција и Рашфорд успеа да погоди и зголеми на 3:0, а тоа беше конечниот резултат на натпреварот.