Ибрахимовиќ има еден единствен услов да остане во Јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти тој клуб ако екипата не обезбеди пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона, пренесоа денеска британските медиуми.

Ибрахимовиќ во минатото лето како слободен играч од Пари Сен Жермен премина во Манчестер Јунајтед, потпиша едногодишен договор со можност за соработката да се продолжи на уште една година.

Јунајтед има мали шанси да се пласира во Лигата на шампионите низ пласманот во Премиер лигата, но во елитното натпреварување може ако ја освои Лига Европа.

Јунајтед вечерва од 21:05 часот ќе игра во Белгија против Андерлехт, прв четвртфинален натпревар од Лига Европа.

Мирор наведе изјава на пријател на Ибрахимовиќ, кој рече дека шведскиот напаѓач најверојатно ќе замине од Олд Трафорд ако клубот не се врати во Лигата на шампионите.

Исто така, Ибрахимовиќ сака да види и доказ дека Јунајтед ќе направи екипа која може да освои титула во Англија во наредната сезона.

Првите три екипи од Премиер лигата директно ќе се пласираат во Лигата на шампионите, додека четвртата екипа ќе игра во бараж.

Јунајтед на осум кола пред крајот на првенството е петти на табелата со четири бода заостанување, но и натпревар повеќе од градскиот ривал Сити, кој го зазема четвртото место.

Ибрахимовиќ во последните 15 години 13 пати ја освои шампионската титула, а тоа го сака и во Англија. Тој е единствен играч со 13 шампионски титули, во четири различни лиги, Холандија, Италија, Шпанија и Франција.

Тој во дебитанската сезона во Англија постигна 28 голови.

Британските медиуми пренесоа дека управата на Јунајтед направи список на напаѓачи кои ќе ги доведе на Олд Трафорд ако Ибрахимовиќ замине. Се споменуваат Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, Иван Перишиќ од Интер, како и напаѓачот на Евертон Ромалу Лукаку.

Ибрахимовиќ има големи понуди од американски и кинески клубови.