Ибрахимовиќ: Се вратив да ја освојам Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е се поблизу до враќање на терените.

Тој се повреди кон крајот на минатата сезона во Европа лигата во мечот против Андерлехт, а се очекува веќе во декември да се врати на зелениот терен.

36-годишнот напаѓач пред неколку месеци беше слободен играч, но потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, откако стана јасно дека потполно ќе се опорави од повредата.

„Како што реков, се вратив да го завршам она што го започнав. Се што направив во првата сезона не е она за што дојдов. Освоивме три трофеи, но тоа не беше крај каков што посакував. Мојата желба е Премиер лигата. Се што започнав во првата сезона, ќе го завршам во втората,“, изјави Ибра во интервју за Sky Sports.