Ибрахимовиќ собори еден рекорд од Премиерлигата


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа победа вчера во гости кај Лестер со 3:0 во рамките на 24 коло од Премиер лигата.

Стрелец на вториот гол за Црвените беше Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој мрежата на домаќините ја затресе во текот на првото полувреме, поточно во 44 минута.

Беше тоа 15-гол на Златан во оваа сезона во Премиер лигата и стана најстар фудбалер кој постигна барем 15 голови во текот на една сезона во Премиер лигата.

Златан моментално има 35 години и 125 дена. Ибрахимовиќ моментално е на второто место на листата на стрелци во Премиер лигата и има гол заостанување зад Лукаку кој има 16 голови.

Освен Ибрахимовиќ, на бројата од 15 голови се и Диего Коста и Алексис Санчез.