Иван Перишиќ заминува од Интер и се сели во Премиер лигата, но не во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ е се поблиску до заминување од редовите на италијанскиот Интер.

Во минатото крилниот фудбалер се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но по заминувањето на Мурињо таквите шпекулации запреа.

Сега, Перишиќ се повторно се поврзува со трансфер во Премиер лигата, а интерес за него има од тимот на Тотенхем.

„Петлите“ за Хрватот се подготвени да платат сума од околу 30 милиони фунти.