Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на АЕК Ларнака славеа со 3:0 на домашен терен против Кармиотиса.
Домашниот тим беше фаворит на овој натпревар и го оправда тоа.
Уште во 15-та минута Ларена погоди за водство на Ларнака. На полувреме се замина со минимална предност на домашните фудбалери. Вториот дел донесе два погодоци од кои еден беше дело на македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски. Тричковски го постигна вториот погодок за АЕК Ларнака на натпреварот. Томас ги постави во 75-та минута конечните 3:0.
Ова беше прв натпревар за АЕК Ларнака во кипарската лига и ја запишаа првата победа оваа сезона.